По натпреварот со Рома, Зинедин Зидан зборуваше за составот со кој располага и со кој ќе влезе во новата натпреварувачка сезона.
Во ростерот, Французинот има двајца фудбалери за кого јасно е дека не ги сака во своите редови, а тоа се Герет Бејл и Хамес Родригез. Сепак, по последната изјава, Зидан како да се помирил дека тие ќе останат во клубот, па најави дека ќе смета на нив во новата сезона.
– Хамес и Бајл се дел од тимот. Се може да се случи до крајот на преодниот рок, но дотогаш тие се играчи на Реал Мадрид, а јас сметам на сите играчи со кои располагам, -истакна Зидан.
Бејл вчера се појави на натпреварот со Рома, меѓутоа Хамес Родригез се уште го чека првиот настап за Реал Мадрид по враќањето од позајмицата во Баерн Минхен.