Ливерпул по итна постапка пронајде нов голман

Бразилскиот голман Алисон Бекер се повреди во првото коло од Премиер лигата на дуелот против Норич и ќе паузира околу еден месец.

Неодамна Ливерпул голманската позиција ја засили со Адриан и веројатно тој ќе брани на следните неколку натпревари додека не се опорави Алисон.

Во меѓувреме, договор со Ливерпул потпиша Енди Лонерган, голман со големо искуство во Англија. Лонерган најверојатно ќе биде на клупата во среда во финалето од УЕФА Суперкупот против Челси и ќе биде резервна опција за Адриан во следниот период.

35-годишниот Лонерган досега бранеше во редовите на Мидлсбороу, Лидс, Вулверхемптон, Фулам и Болтон.

Треба да знаете
Последни објави