Претседателот Стево Пендаровски по реакцијата на Јавното Обвинителство за неговата вчерашна прес-конференција се огласи на Фејсбук.
-Во обраќањето на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ немам направено дискредитација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ниту пак постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек.
Уште еднаш укажувам дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност, пишува Пендаровски.
https://www.facebook.com/SPendarovski/posts/2853904201289693