Шефот на Ферари, Матија Биното рече дека нема намера да ги смени пилотите Себастијан Фетел и Шарлс Леклер за следната сезона од Формула 1 шампионатот.
-Имаме на располагање двајца возачи кои се од висока класа, па не гледам причина да го менувам составот за следната сезона, изјави Биното.
Што се однесува до Леклер, тој добро се справува со притисокот во својата дебитантска сезона во Формула 1.
– Да, тој прави грешки, но се обидува да ги научи и да не ги повтори, додаде првиот оперативец на Ф1 тимот Ферари.