Федералниот суд во САД осуди на доживотен затвор поранешен припадник на позната фирма за осигурување, поради убиства на невооружени цивили во Ирак во 2007 година.
Судијата Ројс Ламберт ја донесе оваа одлука за Николас Слетен, кого поротата го прогласи за виновен за убиство од прв степен.
Обвинителството го товари Слетен дека прв пукал за време на масакрот во септември 2007 година, кога во Багдад беа убиени 14 цивили – 10 мажи, две жени и две момчиња на возраст од 9 и 11 години.
Одбраната тврдела дека Слетен и останатите припадници на „Блеквотер“ отвориле оган откако погрешно процениле дека на нивниот конвој со голема брзина му се приближува автомобил со потенцијален бомбаш самоубиец, наведува АП.