Хрватските полициски нуркачи извлекоа мртво тело на неидентификуван маж во вторникот, во близина на местото Света Марина кај Рабац.
Телото се наоѓало на длабочина од 50 метри и било забележано од еден чешки нуркач пред неколку месеци. Кога се создале услови затоа што видливоста на таа длабочина е исклучително лоша, полицијата го извадила телото.
На телото се наоѓала опрема за нуркање, а бидејќи не можел да се утврди идентитетот, телото на мажот било транспортирано во Одделот за патологија на Општата болница Пула за обдукција и идентификација.
Се претпоставува дека станува збор за Адам Бениамин Вробел, полски нуркач кој исчезнал во областа уште во 2013 година.