Партијата Алијанса за Албанците со соопштение за јавност реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев, во врска со обвинувањата од градоначалникот на Сарај Блерим Беџети.
“Почитуван премиер, не знаеме која е вистината на изјавата на Блерим Беџети во неговите тврдења дека Вие сте побарале помош од него, токму за да влијае за разрешување на Јово Вангеловски.
Веруваме дека ја слушнавте бомбите кои што сами ги објавивте, како тој, заедно со челниците на ВМРО, инсталираа партиски судии и обвинители кои беа во служба на режимот ВМРО-ДУИ.
Парадоксално е Вие да побарате негова помош и на ДУИ за да го реформирате правосудниот систем, токму од оние кои ја доведоа правдата во мизерна состојба, без трунка доверба и кредибилитет.
ДУИ продолжува да ги брани сите функционери на ВМРО и незјините блиски луѓе, што не тера да сфатиме дека оваа коалиција е сè уште жива, исто како што беше некогаш кои не дозволија да му се одземе мандатот на Трајко Веjanановски за случајот 27-ми Април, исто како и пред неколку дена кога не дозволија да биде разрешен претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Премиеру, Вие имавте прилика да создадете услови функционерите на ДУИ вклучени во корупција и организиран криминал, заедно со партиските судии и обвинители, да дадат отчет за нивното минато, но вие тоа не го сторивте. Вие ги амнестирате, а потоа барате помош од нив, и да не не чуди ако сте станале исти како нив“.