ВМРО-ДПМНЕ е симбол за закани уцени и притисоци врз медиуми и новинари. Ниту едно лицемерно соопштение од белиот дворец нема да го смени фактот дека 11 години нашата држава беше заробена и се наоѓаше на дното во Европа по медиумски и новинарски слободи. Ништо не го брише фактот дека 11 години ВМРО-ДПМНЕ апсеше, тепаше, притвораше новинари и затвораше медиуми.
Јавноста, граѓаните и новинарите многу добро знаат кој ја злоупотреби полицијата за упад во приватна телевизија, кој поттикнуваше физички напади на новинари, кој ставаше во затвор новинари, кој поттикуваше да се испраќаат посмртни венци на домашни адреси на новинари. Денес, откако власта ја предводат СДСМ и премиерот Зоран Заев, државата бележи значаен скок на светските листи по однос на слободата на говор, не се напаѓаат, претепуваат, закануваат, малтретираат новинари како што тоа беше во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Министерството за внатрешни работи постапува и не служи како апарат за репресија кон новинари, а монтираните судски процеси против новинари и медиуми се минато. Медиумите се дел од сите легислативни процеси кои се однесуваат на нив, врз нив не се присилно наметнати законски решенија кои ја ускратуваат слободата на изразување.
Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за состојбата во новинарството кога токму таа партија е симбол за цензура, за уцени, притисоци и закани кон медиуми и новинари.