Не знаејќи дека ја сликаат, Кејт била целосно опуштена и не се двоумела да се забавува. Покрај тоа што костимот за капење ги откривал сите нејзини несовршености – опуштен стомак, бутови и целулит, Кејт одлучила и да скокне од јахтата во вода во неколку наврати.
Имајќи предвид дека благодарение на својот физички изглед и вита линија, таа заработуваше милиони и беше ангажирана за еден куп насловни страници и модни фотографии ширум светот, нејзините фанови беа изненадени од нејзината промена.
Имено, како што коментираа на интернет, постои огромна разлика помеѓу средените фотографии во списанијата и папарацо-фотографиите што не се фотошопирани.