Со засилено темпо се извршуваат градежните работи од проектот за реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј во должина од 880 метри. Екипите на терен вчера во вечерните часови го отстрануваа стариот и оштетен коловоз на потегот од крстосницата со улицата 11 Октомври до крстосницата со улицата Свети Кирил и Методиј.Градот Скопје продолжува да го применува истиот принцип на брза и квалитетна работа и реконструкциите на сите улици во текот на оваа градежна сезона ги завршува со рекордно кратки рокови со цел да го намали сообраќајниот метеж. Додека траат градежните работи,на булеварот Кочо Рацин е воведен привремен режим на сообраќај.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.