Полициски службеници на СВР Охрид синоќа во 19,40 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум ги приведе се Л.Г.(34) и А.В.(39) и двајцата од Скопје осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
При извршениот претрес во патничките моторни возила марка „опел вектра” и ,,фолксваген пасат” и двете со скопски регистарски ознаки, кои биле управувани од Л.Г. и А.В., и во стан кој го изнајмил еден од приведените, пронајдени се марихуана, кокаин, дигитална вага и други предмети.