Мнозинство демонстранти во Хонг Конг се универзитетски образовани, речиси половина се во своите дваесетти години и скоро сите ја мразат полицијата, според академско истражување што фрла ново светло на движењето.
Демонстрациите во Хонг Конг се одржуваат веќе 10 недели.
Протестите што започнаа по нацрт-законот, со кој се дозволува екстрадиција во континентална Кина, влегоа во поширок обид да се смени сликата во демократски слободи.
Истражувачи од градски универзитети ги анкетирале учесниците на 12 протести – вклучувајќи масовни митинзи и демонстрации меѓу 9 јуни и 4 август и откриле дека 54 проценти биле машки, а 46 проценти се жени.
Севкупно, 77 отсто од 6.688 испитаници рекле дека имаат високо образование, и 21 отсто велат дека имаат средно образование.
Најмногу од нив се на возраст од 20-29 години – 49 отсто, наспроти 11 отсто под 20 и 19 отсто на возраст меѓу 30 и 39 години. Шеснаесет проценти имале 40 и повеќе години.
Точно половина (50 проценти) сметале дека се средна класа.
На прашањето зошто демонстрираат, 87 проценти рекле дека сакаат да се повлече нацрт-законот за екстрадиција, 95 проценти изразиле незадоволство од постапувањето на полицијата во протестите и 92 проценти повикуваат на формирање независна истражна комисија. Истражувањето е на државниот Универзитет во Хонг Конг, Универзитетот Ханг Сенг, Универзитет Лигнан и Баптистичкиот Универзитет во Хонг Конг.