Данската Влада размислува да ја засили контролата на границата со Шведска откако двајца Швеѓани минатата недела изведоа бомбашки напад врз владина агенција во Копенхаген, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен.
-Ќе ја рзгледаме можноста да ја заштитиме нашата граница со Шведска на подобар и попаметен начин, изјави премиерката на прес конференција во Копенхаген, пренесуваат британските медиуми.
Претходно денеска данската полиција соопшти дека уапсила 22-годишен Швеѓанец и распишала меѓународна потерница по друг 23-годишен Швеѓанец.
Сомневањата се дека двајцата стојат зад експлозијата пред канцеларијата на данската Даночна агенција во Копенхаген, што беше изведена минатата недела, а во која едно лице беше повредено