Во текстот на писателката Ема Лазарус ,,Дајте ми ги своите уморни, своите сиромашни, свите збиени маси кои чезнеат да дишат слободно”, Кучинели додал ,, и кои знаат дека стојат на своите нозе и да не бидат на терет на државата”, пренесува Би-би-си.
Уредбата која е усвоена во понеделникот предвидува дека легалните мигранти нема да можат да добијат зелен картон, ако меѓудругото кориселе поволности како живеење во државни станови или помош во храна.
Во интервју за радио НПР, Кучинели го запрашаа дали смета дека зборовите од песната на Ема Лазарус од 1883 година, испишани на Статуата на слободата и понатаму се актуелни и дали се уште се дел од американскиот дух, одговори: ,,Секако дека се, со додавка – дајте ми ги своите уморни и сиромашни кои знаат да стојат на своите нозе и да не бидат на товар на државата”.
На прашањето дали со новата уредба се менува дефиницијата на ,,американскиот сон”, Кучинели вели: ,,Никој кој овде не е роден како Американец, нема право да стане Американец”.