Пакистанскиот премиер Имран Кан денес им порача на жителите на делот од Кашмир под контрола на Индија дека ја поддржува нивната борба за самоопределување.
Во изјавата за Денот на независноста на Пакистан, тој ја осуди одлуката на Њу Делхи да ја укине автономијата за својот дел од Кашмир.
Кан го одбележува празникот во пакистанскиот дел од Кашмир за да изрази солидарност со луѓето од тој немирен регион на индиската страна.
Како што беше најавено, во говорот пред парламетот тој ќе го осуди кршењето на човековите права од другата страна на границата.
Индија се стекна со независност од Велика Британија во 1947 година, а под притисок од муслиманската лига беше решено да се создадат две држави: Индија и Пакистан.
Следната година се случи првата од двете војни меѓу двете држави за контрола на Кашмир.
Војната заврши со поделбата на тој регион, иако обете страни полагаат право на целата територија.