Поразот од Краснодар го чини Порто 44 милиони евра

За првпат по сезоната 2010/11, Порто остана без учество во групната фаза во Лигата на шампионите. Поразот од Краснодар во реваншот од третото квалификациското коло (2:3) значеше и елиминација од натамошната трка да се избори место во елитното групно натпреварување, а тоа ќе го чини клубот 44 милиони евра, пишува португалска „А Бола”.

Во оваа сума влегуваат фиксниот надомест за учество во групната фаза од ЛШ, бонус за успех во Европа во последните 10 години, како и пари од тв права и реклами.

Се забележува дека поради елиминацијата на клубот од Лигата на шампиони, Бенфика која е главен конкурент на Порто во борбата за врвот во португалскиот шампионат, ќе стане побогата. Ова се должи на фактот дека кога два клуба од иста земја играат во Лигата на шампионите, приходите од радиодифузија се поделени во сооднос 55% наспроти 45% во корист на шампионот. Сега сите 100 проценти од средствата ќе одат кај Бенфика.

Треба да знаете
Последни објави