Американската федерална управа за цивилна авијација забрани внесување во авиони на модели на преносни компјутери МакБук Про на Епл.
Компанијата повлече од пазарот одреден број такви компјутери чии батерии може да предизвикаат пожар.
-Управата е информирана за тој проблем на компанијата за некои лаптопи од серијата МакБук Про на Епл, изјави портпарол додавајќи дека службата ги предупредила авиокомпаниите за повлекувањето.
Во јуни Епл соопшти дека ќе повлече од пазарот одреден број лаптопи МакБук Про со екран од 15 инчи, бидејќи батериите може да предизвикаат пожар по извесно време на користење. Станува збор за уреди што се продавале меѓу септември 2015 и февруари 2017 година.