САД се „длабоко загрижени” поради движењето на кинеските воени и полициски формации долж административната линија меѓу Кина и Хонг Конг, соопшти денеска Стејт департментот.
Во соопштението на Стејт департментот се истакнува дека „постојаната ерозија на автономијата на Хонг Конг” го доведува во опасност привилегираниот трговски статус што територијатаго ужива во трговската размена со САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Кина ги придвижува трупите кон границата со Хонг Конг, каде веќе 10. недела се одвиваат антивладините протести.
„Нашата разузнавачка служба нè информираше дека кинеската влада ги придвижува трупите на границата со Хонг Конг. Секој треба да биде мирен и безбеден!” порача Трамп на Твитер.