Стејт департментот денеска објави предупредување во однос на патувањата во Хонг Конг, повикувајќи на „зголемена внимателност поради граѓанските немири”.
Воздушниот сообраќај денеска е обновен на аеродромот во Хонг Конг, кој беше затворен два дена откако беше окупиран од демонстрантите.
Аеродромските власти во Хонг Конг објавија претходно денеска дека по судирот меѓу полицијата и демонстрантите, кои се собраа на аеродромот минатата ноќ, добиле судски налог со кој се забрануваат демонстрации што ја попречуваат работата на аеродромите.
Веќе неколку недели траат антивладините протести во Хонг Конг, а во нивни рамки, беше окупирана аеордромската зграда на еден од најфрекфентните аеродроми во светот.