Сопругата на пејачот Џон Леџенд (40), манекенката Криси Тајген (33), повторно ја шокираше јавноста споделувајќи го својот приватен живот на социјалните медиуми. Додека многумина кријат што коригирале и какви пластични операции направиле, Криси го споделила тоа со нејзините следбеници.
Неодамна таа објави видео на кое лекарот ѝ инјектира ботокс во пазувите.
„Ги ботоксирав пазувите. Најдобар потег што сум го направила. Повторно можам да носам свила без да се потам!“ рече Криси возбудено.
Ова не е прв пат Криси да се занимава со пазувите. Пред две години, таа призна дека лекарите ѝ го вшмукале масното ткиво