На 14.08.2019 во 18,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза (Обиколница) К.Р.(41) од Скопје управувајќи моторцикл „Хонда ЦБР” изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и сопатникот Г.С.(42) од Скопје и биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември” за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.