Германија ќе изврши дополнителни уплати за преживеаните од Холокаустот, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Германската Влада не извести дека ќе уплати дополнителни средства за преживеаните од Холокаустот, по 100 евра месечно. Тоа е важно. Луѓето тоа го заслужуваат. И благодариме на германската Влада, напиша Нетанјаху на Твитер.
Тој истакна дека „таа сума претставува додаток на помошта која ја дава израелската Влада”. Германските власти засега немаат коментар на неговото тврдење.
Израелското Министерство за финансии проценува дека 220.000 преживеани од Холокаустот се уште живеат во Израел, додека според статистичкиот завод бројката во 2017 година изнесувала 212.300 луѓе.