Холандскиот фудбалски интеранционалец од редовите на актуелниот европскиот првак Ливерпул, Вирџил ван Дајк ќе им пркоси во прекинувањето на доминацијата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси во изборот на најдобрите играчи на сеозоната. Европската фудбаска асоцијација (УЕФА) денеска објави дека во завршната трка за изборот на најдобриот фудбалер во сезоната 2018/2019 велегуваат Меси Роналдо и Ван Дајк. Името на добитникот на престижното признание ќе биде познато на 29 август во Монако, за време на церемонијата за ждрепката од групната фаза во Лигата на шампионите.
Тројцата најдобри се избрани според гласовите на 80 тренери на екипи кои учествуваа во групната фаза од Лигата на шампиони и Лига Европа минатата година, како и 55 новинари.
Хланѓанецот имаше добра сезона задсебе. Со Ливерпул стига до европската титула, а тоа го прави и фаворит за признанието на УЕФА. Роналдо го освои на трофејот во Лигата на Нации, и првото скудето со Јувентус, Меси е „златна копачка“ на Европа и најдобар стрелец во Лигата на шампионите.