Вејн Руни оди на одвикнување од алкохол за да го спаси бракот

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни ќе оди на одвикнување од алкохол за да го спаси бракот со сопругата Колин.

 

33-годишниот Руни цврсто одлучил да престане со пиењето за да го сочува 11-годишниот брак со Колин. Во последните неколку години тој пијан направи неколку скандали, а последниот инцидент се случи во декември минатата година кога беше уапсен пијан на аеродром во Вашингтон, по доаѓањето од Обединетите Арапски Емирати.

Од минатата година Руни живее во САД, додека Колин со децата се врати во Велика Британија пред неколку месеци. Според извори на британските медиуми, Руни барал утеха во алкохолот поради раздвоеноста од семејството и навечер пиел.

Тој е татко на четири деца, најголемото има 9 години, а најмалото годинка. Бидејќи семејството му е на прво место Руни одлучи да се врати во Англија во октомври и да стане тренер-играч, но првин ќе побара стручна помош за одвикнување од алкохол.

Треба да знаете
Последни објави