Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќe ја посети Србија на 29 август, при што претседателот Александар Вучиќ и шефот на турската држава ќе го официјализираат почетокот на изградбата на автопатот Белград – Сараево, пишува „Танјуг“.
Според неофицијални информации, за време на посетата на Ердоган треба да почне и реконструкцијата на патот Нови Пазар-Тутин.