Македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски – Мрме за двата септемвриски квалификациски дуели од ЕП-2020 на гостински терен со Израел и Летонија нема да може да смета на услугите од Стефан Ристовски и Ферхан Хасани. Ристовски е повреден и според португалските медиуми ќе се врати во тренажен процес дури по септемвриската репрезентативна пауза, додека Хасани пак нема клуб и не е во натпреварувачко-тренажен процес.
Ристовски кој е дел од Спортинг Лисабон уште на стартот на подготовките го повреди стопалото и веќе еден месец е во аут, а со неговата рехабилитација не брзаат во клубот. Во своите екипи не се стандардни или воопшто ги нема во тимовите и Висар Муслиу (неодамна се пресели во унгарскиот Мол Фехевар0, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков и Егзијан Алијоски
Добра вест за селекторот Ангеловски пред да го соопшти списокот е тоа што Иван Тричковски е во гол-форма во тимот на кипарскиот АЕК Ларнака и најверојатно ќе биде повратник во репрезентацијата. Собирот на репрезентативците за овој квалификациски двомеч е планиран за 1-2 септември во Скопје, а потоа веднаш се лета за Израел каде на 5 септември играме домашната селекција, а четири дена потоа експедицијата ќе и гостува на Летонија.