Македонскиот фудбалски интарнационален судија со знакот на ФИФА Александар Ставрев е одреден да им „свири“ во меѓусебната пресметка од 2. коло во прволигашката конкуренција на Македонија ЃП и Академија Пандев, екипите кои во првото коло им зедоа мерка на фаворитите Вардар односно Шкендија. На Ставрев ќе му асистираат Марјан Кировски и Дејан Костадионов. Овој натпревар в недела ќе се одигра на теренот крај ФФМ. Ден порано, в сабота натпреварите од оваа рунда ќе почнат со дуелот Работнички – Шкупи.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 2.КОЛО (18.08.2019) 17ч.
Силекс – Шкендија: Марјан Ецкоски (Охрид) -главен, Слаѓан Маркоски, Ебрар Таравари – помошници (Гостивар) – Разме Бакрачески четврти (Струга) .
Македонија ЃП – А. Пандев: Александар Ставрев – главен, Марјан Кировски, Дејан Костадинов – помошници, Константин Влахо – четврти (сите од Скопје)
Борец – Вардар: Јосип Бартон (Скопје) – главен, Дарко Јовчевски, Александар Ѓорѓески – помошници, Фуркан Идризи четврти – (сите од Тетово)
Ренова – Струга Трим Лум: Благојче Ралевски – главен, Злате Лозановски, Петар Степановски – помошници (од Битола) – Влатко Илиески четврти (Прилеп).
Работнички – Шкупи: Игор Стојчевски – главен, Даниел Василевски, Бранко Путилин – помошници, Марјан Младеновски ( сите од Скопје) четврти (17.08.2019)