Германската Влада очекува дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври без договор за идните односи, објави денеска германскиот бизнис весник „Ханделсблат”, повикувајќи се на документ од германското Министерство за финансии.
Весникот наведува дека Владата во Берлин верува оти неуреден Брегзит е „многу веројатен” имајќи ги предвид барањата на британскиот премиер Борис Џонсон дека границата со Ирска, договорена со неговата претходничка во ноември минатата година, ќе биде исфрлена од договорот за Брегзит.
ЕУ нема избор, освен да го исфрли тоа барање, се наведува во документот на Министерството за финансии, додавајќи дека не се очекува Џонсон да ја промени својата позиција.