Ливерпул го освои четвртиот европски Суперкуп во својата историја, откако победи со 5:4 (2: 2 во регуларното време), по изведување на пеначи на „Водафон арената” во Истанбул.
Европскиот шампион и освојувачот на Лига Европа одиграа спектакуларен дуел со периоди на доминација и еден куп голови. Лондонските „сини” беа подобриот тим во првото полувреме и поведоа преку Оливие Жиру (36′).
Ливерпул ја презеде иницијативата по паузата и израмни во 48-та минута преку Сафио Мане. Тимот од Мерсисајд дојде до комплетен пресврт во петтата минута од првото продолжение со второт гол на Сенегалецот, но Жоржињо изедначи од пенал во 101-та.
Така, се дојде до пенали, а сите изведувачи на Ливерпул беа прецизни, додека младиот Тами Абрахам го промаши последниот удар за Челзи, кој беше спасен од Адријан.
Така, Ливерпул го освои својот 13-ти европски трофеј. Повеќе имаат само Реал Мадрид, Барселона и Милан.
Истанбул се покажа посебен град во историјата на Ливерпул поради чудото во финалето на Лигата на шампионите во 2005 година, кога „црвените” стигнаа до трофејот откако губеа со 0-3 на полувремето против Милан. Во истата 2005 година, Ливерпул го освои европскиот Суперкуп против ЦСКА Москва. Сега тимот од Мерсисајд повторно триумфираше во турската метропола
Вечерашниот меч беше и историски од друг аспект, откако за првпат жена ја делеше правдата во финале кај мажите. Натпреварот и беше доверен на Французинката Стефани Фрапар, на кој е помогаа Мануел Николози и Мишел О’Нил, а четвртиот судија беше популарната турски арбитар Џунеит Чакир.