Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен, ќе игра како позајмен во Рома во новата сезона. Информациите ги објави „Скај Спорт Италија”.
Според изданието, управата на „волците” ги договорила сите детали за договорот за изнајмување, а во него ќе има и откупна клаузула од 25 милиони евра следното лето, доколку играчот одигра одреден број на натпревари.
„Волците” се насочија кон 30-годишниот Хрват, откако не успеаја да се договорат со Тоби Алдервеирелд и Даниеле Ругани.