Ново рочиште за случајот „ТНТ”
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „ТНТ” на Специјалното јавно обвинителство.
Во предметот „ТНТ”, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос” на Фијат Цаноски.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО.