Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за труд и социјална политика, инвестираат во проширување на капацитетите на детските градинки и унапредување на квалитетот на предучилишното образование.
Во периодов, се градат и опремуваат осум нови градинки а се подготвува изградбата на уште 35 објекти.
Тоа се вкупно 43 нови објекти за градинки распоредени низ целата територија на државата.
Освен во изградба на нови објекти, се инвестира и во зајакнување на кадарот во градинките.
Почнувајќи од јунската плата, стручниот кадар или над 3.100 вработени добија зголемување на платата во просек од 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.
Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува врвен приоритет.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат квалитетно предучилишно образование и подобри услови за работа и престој во градинките.