Село во Шпанија, каде што две третини од жители се на возраст над 65 години, доби преобразба со цел да се прилагоди за постарите лица.
Невладината организација „Останете со нас“ постави нелизгачки површини рачки за држење во селото Пескуеза и формира дневен центар за на жителите да им се обезбедат часови за вежбање и оброци. Покрај ова, домовите беа опремени со камери со цел жителите брзо да добијат помош во случај на несреќа.
Кампањата се надева дека ќе ја повтори иницијативата во други слични села. Со еден од четворица Европејци на возраст над 60 години, Европа има едно од најстарите популации во светот. Шпанија е еден од лидерите во овој феномен. Средната старост на Шпанија во 2020 година се предвидува дека ќе биде 45, две години повисока од просекот на ЕУ.