Адуриз влезе на крајот и ја расплака Барселона

Неуспешен старт во новата сезона имаше актуелниот шпански фудбалски првак Барселона кој загуби на гостувањето кај Атлетик во Билбао (1-0). Адуриз кој само што влезе во игра, во првиот контакт со топката во 89 минута на спектаклуларен начин со „ножички“ ја затресе мрежата и ја расплака Барселона.

Во тимот на Барселона поради повреда не настапи Лионел Меси. Шпанскиот првак ја имаше иницијативата во текот на целиот меч, но немаше решение како да ја затресе мрежата на домаќинот.

 

 

Херојот на Билбао, Адуриз во игра влезе во 88. минута од натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави