Белгискиот фудбалски интернационалец Еден Азар заработи повреда на бутниот мускул за време на тренинг, поради што ќе почека на деби настап во дресот на Реал Мадрид. Сезоната во шпанската Примера почнува утре, а Азар нема да биде дел од тимот против Селта во Виго.
„Кралевите“ старвуваат дека Азар нема да биде во конкуренција за тимот уште неколку натпревари потоа. Азар повредата на бутниот мускул ја заработил за време на тренинг на Реал Мадрид и ќе паузира три до четири недели. „АС“ прогнозира дека Азар покрај дуелот со Селта ќе ги пропушти и мечевите со Ваљадолид и Виљареал, како и квалификацискиот репрезентативен меч за Белгија.
Се очекува да се врати на теренот дури за четвртото коло од Примера и дуелот против Леванте на „Сантијаго Бернабеу“.