Новиот македонски ракометен суперлигаш Бутел ќе разигрува за петтата позиција на Меѓународниот турнир во Струга откако ремизираше со шведски Ескилстуна Гуиф (25-25).
Во последниот меч од групата Бутел немаше среќа и остана без триумф откако гостите израмнија со удар од седум мертри. Поради послабата гол-разлика Бутел заврши на третото место во групата и ќе разигрува за конечен пласман на турнирот за 5. место, в сабота со српскиот Пролетер Зрењанин.