Раководството на ракометната СЕХА лига го објави распоредот за новата сезона во која македонските претставници Вардар и Еурофарм Работник во новата сезона од регионалното натпреварување ќе стартуваат како домаќини. Вардар одбраната на титулата ќе ја почне со новакот во ова натпреварување екипата на Универзитет Пекинг од Кина во Скопје, а во Битола дебитанска пресметка ќе имаат македонскиот Еурофарм Работник и рускиот Спартак Москва.
Новата сезона старува на почетокот од септември и за првпат ќе се игра во две групи. Вардар ќе се натпреварува во А групата и ќе го одигра својот меч со кинескиот тим на 3 септември, а ден потоа домаќин ќе биде Еурофарм Работник кој ќе се натпреварува во Б групата.
Покрај Вардар и Пекинг во А групата се уште и екипите на Војводина, Нексе, Татран Прешов и Мотор Запорожје. Во Б групата покрај Еурофарм Работник и Спартак ќе играат и Металопластика, ППД Загреб, Мешков Брест и Веспрем.