Земјоделците внимателно да ракуваат со земјоделската механизација и со опремата во близина на далноводите од дистрибутивната мрежа, апелира денеска од Штип портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов.
-Системите за распрскување никогаш да не се поставуваат во трасите на далеководите бидејќи се изложуваат на огромен ризик по нивните животи и животите на оние кои се во нивната околина. Затоа ги замолуваме сите земјоделци системите за наводнување никогаш да не ги поставуваат во трасите на далеководите и алуминиските цевки кои што ги користат за наводнување да не ги креваат во височина во далеководните коридори, изјави Стојанов.
Земјоделците по жетвените активности ги палат стрништата. Токму оваа нивна навика ја загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем.
Стојанов апелира и риболовците да бидат винамтелни при користење на опремата во близина на далеководи.