Од преселбата на хрватскиот фудбалски интеранционалец Дејан Ловрен од Ливерпул во Рома нема ништо. Италијанскиот калчолигаш му ја затвори врата на Хрватот, бидејќи не прифатил да добива помала плата за еден милион годишно. Во Ливерпул, Ловрен заработува 4,2 милиони евра, а Рома била подготвена да му плати 3,2 милиони евра.
Од трансферот на Ловрен, англискиот премиерлигаш Ливерпул требаше да инкасира 25 милиони евра, но се пропадна, бидејќи Ловрен не ги прифатил личните услови и сега е неизвесно дали ќе најде друг клуб или ќе остане прекуброен во тимот на „црвените“ од Енфилд.