Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска преку Твитер и одговори на српската премиерка Ана Брнабиќ, која рече дека приштинските такси го оневозможиле дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Харадинај потенцира дека дијалогот бил блокиран поради територијалните претензии на Србија, а не таксите.
„Косово е суверена држава, меѓународно призната, со постоечки граници. Што побрзо тоа го прифатат Србија и Брнабиќ, тоа подобро за нив”, оцени косовскиот премиер.
Српската премиерка во интервју за Танјуг денеска рече дека таксите воведени од Приштина создале атмосфера во која не е можен никаков дијалог.
– Штом бидат укинати таксите и ние ќе бидеме подготвени за продолжување на дијалогот, рече Брнабиќ.