Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен е изненаден на стартот од новата сезона пред своите гледачи од Херта Берлин (2:2).
Роберт Левандовски во 24.минута ја почна, а во 60 минута од белата точка ја заврши серијата голови на „Алијанц Арената“. Баерн поведе, а гостинот од Берлин до крајот на првото полувреме направи целосен резултаски пресврт со погодоците на Доди Лукебакио во 36 минута и во 38 минута на Марко Грујиќ. Полскиот интернационалец Левандовски со својот втор гол на мечот се погрижи изненадувањето да половично во Минхен.