Најмалку едно лице загина, а 49 се повредени откако тропска бура ја зафати јужна Јапонија, јавува Би-би-си.
Бурата Кроса се спушти во четвртокот во близина на Хирошима во јужна Јапонија и сега се движи кон север. Државните служби советуваа евакуација на 400.000 луѓе.
Беа откажани околу 800 летови, а дел од железничкиот сообраќај запре.
Еден 82-годишен маж во префектурата Хирошима загина вчера откако поради силните силни ветришта паднал во морето додека го врзувал чамецот.