Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола верува дека секој од екипите што завршиле во најдобрите шест во Премиер лигата минатата сезона би можел да се избори за титула во новата кампања.
Особено позитивно, Шпанецот зборуваше за Тотенхем, кој утре гостува на „Етихад”, како и за Челзи под водство на Френк Лампард.
Пеп е импресиониран и од селекцијата на Арсенал и од офанзивната моќ на Манчестер Јунајтед.
– Навистина сум импресиониран од Челзи и начинот на кој екипата играше против Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Јас сум изненаден од тоа колку добро настапи составот на Френк Лампард. Го видов квалитетот што Јунајтед го има во предните позиции. Се забележува ново расположение во клубот. Арсенал купи добри играчи, така што сите овие екипи се кандидати за титулата. Тотенхем е таков секоја сезона од кога сум во Англија. Тие се вториот најдобар тим во Европа. Тие се силен тим, добар тим и напорната работа што ја прави Почетино е нешто необично. Моето мислење за него многу високо. Тој е врвен менаџер”, рече Гвардиола.
Дербито на колото помеѓу Сити и Тотенхем се игра утре од 18,30 часот.