Два турски авиона за набљудување ЦН-235 влегле во грчкиот воздушен простор над Егејското Море период на тензии меѓу Анкара и Атина во врска со операциите на Турција за дупчење во близина на брегот на Кипар, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на извори на одбраната.
Според изворите што ги цитира „Екатимерини“, двата авиона во четвртокот направиле вкупно 33 прекршувања на грчкиот национален воздушен простор и три прекршувања на политиката на воздушниот сообраќај во Атинскиот Регион за информации за летање.
Двата авиона биле идентификувани од грчки пилоти и избркани во согласност со меѓународните правила на ангажман, кои диктираат дека секоја држава има целосен и ексклузивен суверенитет над воздушниот простор над своите територии.
Турција сè уште не ги коментирала наводите.