Две лица загинаа во вооружен инцидент во близина на Државниот универзитет Алабама

Две лица загинаа, а четворица се повредени при вооружен инцидент што се случил во близина на кампусот на Државниот универзитет Алабама.

Според полицијата, една од жртвите починала на местото на инцидентот, а другата во болнициа.

Деканот на Универзитетот Квинтен Рос истакна дека пукотницата не се случила во кампусот, туку во една од зградите во близина.

Полицијата не соопшти повеќе детали за инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави