Македонскиот претставник на меѓународниот ракометен турнир во Русија, Металург беше почестен со „десетка“ од домаќинот Чеховски Медведи 33:23 (13:10). Ова беше прва контрола за тимот од Автокоманда по висинските подготовки на Копаоник.
Металург покажа две лица на овој меч. Во првиот дел беше рамноправен и се одржуваше во резултаска рамнотежа, додека во вториот дел немаше противигра за домаќинот, кој за слабата игра ги казни со убедлив пораз од десет голови разлика.
Металург утре (14 часот) за противник на турнирот го има белорускиот првак Мешков Брест, а в недела романска Стеауа.