Новата сезона во женската ракометна Суперлигалига ќе се игра со 14 екипи. Учесниците во елитното натпреварување на извлекувањето на натпреварувачките броеви за составување на натпреварувачкиот календар се договорија сезоната да почне на 14 септември, а првиот дел да заврши на 7 декемеври.
Во женската лига ќе играат и екипите на: Вардар, Металург, Ѓорче Петров, Спартак, ЦЕМС, Чаир, Деспина, Кузман, Овче Поле, Пелистер, Куманово, Алушовски, Гевгелија и Стружанка.