Постојат два типа на луѓе кога се во прашање реакциите на пајаци. Некои ќе се исплашат и веднаш ќе ги убијат, други се целосно смирени и ги оставаат на раат. Но, постојат неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за пајаците, а откриваат зошто не треба да ги убивате.
Пред сè, важно е да се знае дека се многу повеќе пријателски настроени отколку што мислиме. Дури и ако имате убод од пајак мали се шансите дека ќе има последици од тоа, со оглед дека од 40.000 видови пајаци ретки се тие што можат да им наштетат на луѓето. Покрај тоа, многу се ретки убодите од пајаци.
Без оглед на сè, важно е да ги препознаете пајаците како црна вдовица и да се информирате кои се најопасните видови во вашата околина. Истражување направено во 50 куќи во САД откри дека во секоја куќа живеат по неколку пајаци. Обично живеат на ќошиња од ѕидови или на плафонот, каде се сокриваат од луѓето и ловат други инсекти, кои со себе носат разни заразни болести. Во некои ситуации јадат и други пајаци и затоа е важно да се нагласи дека обичниот пајак кој живее на плафон често ќе ја изеде црната вдовица доколку му се најде на патот.
Ако го убиете пајакот пронајден во вашиот дом, не си помагате себеси ниту нему. Голема е веројатноста да им ја отворите вратата на други инсекти кои ќе направат поголема штета од убиениот пајак. Ако не може да се помирите со тоа да го делите животниот простор со пајаци најдобро е да го фатите со некој сад и да го пуштите на слобода.