На 16.08.2019 во 00,17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Борис Трајковски” пред угостителски објект по завршување на свадбената прослава дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу лицата: М.С.(22), С.С.(29), К.Д.(31), С.Ф.(21), С.Р.(53) и С.А.(40) и едно лице на возраст од 17 години сите од Скопје од едната страна и лицата М.С.(30), А.М.(28), С.М.(75), М.Ф.(55), А.У.(24) и Ј.М.(33) сите од Скопје од другата страна.
Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 ст.3 од ЗППЈРМ.