Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси ја осуди одлуката на Израел да им забрани на две демократски пратенички да влезат во земјата, велејќи дека тоа е „под достоинството на големата држава Израел”.
Демократската политичарка, кој долго време го поддржува Израел, додаде дека изјавите на претседателот Доналд Трамп со кои ги нападна пратеничките Рашида Тлаиб и Илхана Омар, а кои го охрабрија Израел да ја забрани нивната планирана посета, се показател за незнаење и непочитување и се под достоинството на претседателот.
Тлаиб и Омар се критичари на начинот на кој Израел постапува со Палестинците, а многу републиканци ја обвинуваат Омар за антисемитизам.
Пелоси потсети дека израелскиот амбасадор во Вашингтон Рон Дермер неодамна изјавил дека Израел нема да одбие ниту еден член на Конгресот да влезе во земјата и ја опиша новата одлука како тажна и длабоко разочарувачка.